мојфорум мои правила sdfds
Добредојдовте!!!
Форумов е сеуште во проширување па ако сакате предложете го на вашите пријатели. Ке ви бидеме благодарни и ако се регистрирате.
мојфорум мои правила sdfds
Добредојдовте!!!
Форумов е сеуште во проширување па ако сакате предложете го на вашите пријатели. Ке ви бидеме благодарни и ако се регистрирате.
    мојфорум мои правила sdfds

    sfdsfdsfsdfsdfsdf


    You are not connected. Please login or register

    View previous topic View next topic Go down  Message [Page 1 of 1]

    ace toki

    ace toki
    Штрумфало
    Штрумфало
    “Судот заклучи дека обидот на тужената страна (Грција) да го попречи приемот на апликантот во НАТО (Македонија) претставува прекршување на членот 11 од Времената спогодба”, рече претседателот на Судот, Хисаши Овада. Македонија го доби спорот во Хаг.

    Со исклучок на грчкиот Судија, сите останати 15 Судии се согласија дека Грција ја прекршила времената спогодба од 1995 та.

    Сепка, Судот одлучи дека не може да и нареди на Грција во иднина да се воздржи од блокада на македонските евроинтеграции. Според хашките судии ваквото барање е непотребно и дека е доволно што Грција е осудена дека го прекршила членот 11. Судот очекува очекува дека Грција со добра волја во иднина нема да го повтори ваквиот акт.

    Овде во Хаг Македонија, излезе како победник. Меѓународниот Суд на правдата одлучи дека Грција ја прекршила времената спогодба и дека се спротивставила на членството на Македонија во НАТО. Клучните грчки аргументи дека Македонија не преговора со добра волја и дека спроведува пропаганда на заговор Судот ги отфрли како неосновани.

    Сепак второто тужбено барање на Македонија да и се нареди на Грција во иднина да не ги блокира македонските евроинтеграции , Судот го отфрли , но очекува дека акт кој е прогласен за против правен дека Грција во иднина нема да го повтори.

    Шефот на дипломатијата и целиот правен тим оваа одлука ја дочекаа како историска. Иако велат дека нема победени и поразени сепак очекуваат дека пресудата ќе има влијание на престојниот совет на Унијата, како и на НАТО самитот во Чикаго.

    - Правната сигурност која ни е донесена со оваа пресуда и која Судот јасно и прецизно ја дефинираше има една голема додадена вредност која треба да биде признаена од сите страни како во Република Македонија така во Република Грција и секако во сите земји членки на НАТО-алијансата, но и во контекст на европските интеграции, рече Попоски.

    - Факт е дека имаме право да се надеваме дека асоцијација во чие срце е владеењето на правото, како што е НАТО, ќе ја земе предвид оваа пресуда која што е исклучително и кристално јасна - рече Димитров.

    - Во Букурешт 2008. Македонија беше попречена преку аргументот на силата, во Хаг 2011. Македонија го доби спорот преку силата на аргументите. Сметам дека денеска имаме одлука од голема и историска важност. Таа одлука значи дека е зачувана Времената спогодба како клучен документ за билатералните односи меѓу двете земји и е добра шанса за Грција и Македонија да продолжат натаму во тој дух“, рече Милошоски.

    За грчката страна пресудата како да не постои.Веднаш по нејзиното соопштување амбасадорот Јоргос Севаидис видно нервозен даде куса изјава за македонските новинари, без можност за прашања. Според него целиов овој процес бил политичка шема да се заобиколат преговорите за името. И понатаму Атина категорично тврди дека Македонија не ја почитува времената спогодба и побара политичка волја за продолжување на преговорите во ООН за решевање на спорот со името.

    - Наместо да преговара со добра волја, Македонија започна правна постапка за да ги запре преговорите. За среќа, Судот денеска повика на преговори под покровителство на ОН и Грција ќе го стори тоа. Ја повикуваме Македонија да не ја користи денешната пресуда за да ги избегнува преговорите - изјави Јоргос Севаидис, правен застапник на Грција.

    Аргументот дека Атина имала право на вето, бидејки Македонија ја поднела апликација под уставното име, Судот го отфрли потенцирајки дека двете страни биле свесни за употребата на уставното име на РМ. Хаг констатира дека Македонија немала намера да се именува во НАТО поинаку од привременот име заведено во ООН.

    Судот констатира дека Грција не успеала да докаже дека Македонија ја прекршила времената спогодба.Грчките докази се отфрлени како неосновани, како и тврдењето дека Македонија не преговара со добра волја за изнаоѓање на решение за името.

    Единствениот прекршок кој Грција го докажала е прикажување симболи, кои се забранети со Временета спогодба . Тоа се случило еднаш во 2004 та, но тоа според Судот не е материјален прекршок.

    Како што се очекуваше, Хашкиот Суд го отфрли и приговорот на Грција за надлежноста на Судот. Со 14 гласа ЗА и 2 ПРОТИВ - Судот се прогласи за надлежен по овој спор повикувајќи се на одредби од времената спогодба, според кои за секое нејзино толкување и недоразбирање е надлежен токму Судот во Хаг. Приговорот на Грција дека спорот се однесува на НАТО, како трета страна, исто така е отфрлен.

    По пресудата од Хаг, сега клучен играч е Советот за безбедност кој е надлежен за почитување на одлуките на Судот.

    Овде во Палата на мирот, настанот го проследија 14 новинарски екипи од Македонија и само еден грчки новинар.

    Поканата да присуствуваат на соопштувањето на пресудата добиле и сите политички партии во Македонија,но во Хаг дојдоа само Илија Димовски од ВМРО- ДПМНЕ и Неџати Јакупи од ДУИ, кои изразија задоволство од пресудата на Судот.

    СДСМ и ДПА не ја прифатиле поканата за патувањето во Хаг.

    Македонија ја покрена тужбата на 17 ноември, 2008 мата, откако во април истата година Грција стави вето на македонскиот прием во НАТО.

    https://mojforum.macedonianforum.net/

    View previous topic View next topic Back to top  Message [Page 1 of 1]

    Permissions in this forum:
    You cannot reply to topics in this forum

     
    • Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Forumotion.com

    (0)