мојфорум мои правила sdfds
Добредојдовте!!!
Форумов е сеуште во проширување па ако сакате предложете го на вашите пријатели. Ке ви бидеме благодарни и ако се регистрирате.
    мојфорум мои правила sdfds

    sfdsfdsfsdfsdfsdf


    You are not connected. Please login or register

    View previous topic View next topic Go down  Message [Page 1 of 1]

    Admin

    Admin
    Штрумфал
    Штрумфал
    Сите знаеме колку и од каде заработуваме, но често над нас лебди прашањето дали во споредба со другите професии нашата заработка е голема или мала. Затоа, ќе ги претставам поголемиот дел од актуелните професии во Македонија, со нивната реална заработувачка.

    Најпрвин за државната администрација. Ако сте вработени во која било од институциите што се дел од државата и кои нормално се исплатувани од буџетот, тогаш веројатно имате просечна плата од околу 20 илјади денари. Пред сè, зависи од работното место и од времето, односно годините стаж. На почетокот на кариерата во државна администрација обично добиваат плата од просечни 12 до 15 илјади денари. Со зголемувањето на обврските и годините поминати на работа се добиваат 20 до 24 илјади. Ако сте раководител на некоја институција, директор или член на највисоките органи платата достигнува над 30.000 денари.

    Најактуелни и најбарани моментално кај нас се информатичарите. Кога ја почнуваат кариерата обично се платени од 200 до 300 евра, за подоцна нивните примања да се искачат до 500 евра. Предност што ја имаат тие е што лесно можат да оформат фирма со мал број вработени, потребни се само контакти со други правни субјекти со кои би соработувале. Целата работа обично се состои со работење на компјутер, лесно е да се најдат соодветни простории и со тоа оние што формираат нова информатичка компанија да дојдат и до поголема заработка.

    Електроинженерите и машинските инженери се исто така барани професии што за старт се платени со околу 200 евра. Обично, овие луѓе се вработени во поголеми компании, во кои се вреднуваат трудот и постојаното напреднување. Иако „тешки“ факултети, напредувањето и наоѓањето соодветно работно место за овие кадри е потешко. Напредокот носи поголема плата, до 450 евра. Тешко е самостојни, нови, мали компании во овие области да се пробијат на пазарот, но не е невозможно да опстојат, затоа и дел од овие кадри со ваков вид образование се одлучуваат за тој чекор.

    Градежните инженери и архитектите се професии што моментално доживуваат експанзија. Но, факт е дека секогаш ќе има потреба од нови градби или модифицирање на старите. Исто така, делот посветен на внатрешниот ентериер е област што кај нас доправа треба да се развива. Поради сето ова овие професии долго време ќе бидат барани. Заработката на која можат да сметаат овие кадри не може лесно да се дефинира во некоја рамка, но воопшто не е мала. Сепак, создавањето име, работејќи квалитетно и можностите на клиентите, големината на проектите ја дефинираат заработката, што речиси никогаш не е помала од 1.000 евра.

    Занаетчиите во области поврзани со претходно наведените професии, се чини имаат најтешка задача, а најмала заработка. Тие вообичаено се луѓето кои на терен ги прават работите што ги замислуваат и нацртуваат претходно наведените професионалци. Немањето формално образование нивната заработка ја прави помала, а искуството и доброто работење ја зголемува. За нив остануваат хонорарните заработки што ја достигнуваат цифрата од 250 до 300 евра по целосно завршен проект.

    „Фините“ занаетчии, како што се фризерите, шминкерите, стилистите, модните дизајнери, ја достигнуваат својата експанзија, па добро ја наплатуваат својата работа. За нивна среќа, клиентела во Македонија не им недостасува, но повторно името и начинот на работа ја прават разликата меѓу нив. Така, оние најпопуларните имаат чиста заработка од 200 до 400 евра просечно за само еден проект, додека другите за истата сума треба да работат еден месец. Сепак, и тие вложуваат труд и затоа оваа заработка воопшто не треба да изненадува.

    Продолжува...


    _________________
    WWW.TEKNUVALOO.MACEDONIANFORUM.NET КОГА ТОГАШ КЕ МИ ТЕКНЕ Laughing Laughing Laughing
    https://mojforum.macedonianforum.net

    View previous topic View next topic Back to top  Message [Page 1 of 1]

    Permissions in this forum:
    You cannot reply to topics in this forum

     
    • Free forum hosting | © PunBB | Free forum support | Contact | Report an abuse | Forumotion.com

    (0)