ASUS MARS II
Во однос на GeForce GTX 590, Mars II има нешто повеќе работен такт преземен од референтниот модел GTX 580, aтука се и поквалитетните компоненти и 19 фазното напојување. Картичката во куќиштето зафаќа простор за три слота, најмногу поради масивниот ладилник со топловодни цевки и два 120 милиметарски вентилатори.
Напојувањето е решено преку три 8 пински конектори, а картичката може и дополнително да се оверклокира за да се постигнат уште поголеми перформанси. Аsus Mars II е издание кое ќе биде произведено во 1000 примероци, но цената се уште не е позната.