Студентите денеска добија две од 7-те рати од студентските кредити за академската 2009-2010 година
Ветувањето на Министерот за образование и наука Панче Кралев е во процес
на исполнување. Студентските кредити во висина од 2420 денари месечно
досега требаше да бидат исплатени. Според неговото оправдување доцнењето
на студентските кредити е резултат на обезбедувањето на дополнителни
средства од ребалансот на буџетот.
Преку писмо до надлежните тие ги бранеа своите права и ги искажаа своите
барања кои се разбира не беа празни. Парите кои требаа да им ги
исплатат до крајот на ноември, ги добија дури вчера, меѓутоа сеуште
постојат негодувања. Дел од студентите од групата на фејсбук -
Студентски кредити и стипендии,
тврдат дека сеуште нема пари на нивните сметки од Уни и ТТК банка,
додека дел од нив имаат добиено трансакции од Комерцијална, Тутунска и
Стопанска банка .
На некои од овие студенти, студирањето и т.н ” просечно проживеан ден ”
им зависи од студентските кредити. Токму затоа и не треба да се дозволи
овој пропуст.Тешко е да си студент во денешното секојдневие, нели?
Останатите 5 рати ќе бидат исплатени на почетокот на следната година.