Популарната
бугарска пејачка Андреа по одличната соработка со македонскиот
продуцент и композитор Оцко кој активно работи во соседна Бугарија, реши
да продолжи да снима уште песни со нашиот хитмејкер.
По големиот успех на композицијата "Докрај", таа повторно се довери на талентираниот композитор.
Според
изјавите за бугарските медиуми таа сеуште не го напушта и продуцентот
Кости, со него напорно работат на дополнителни меѓународни проекти, за
во Кипар Турција и Америка.