Тужба за Apple поради iCloud
iCloud Communications се занимава со нудење на услуги за пренос на глас преку IP адреси, а во својата тужба тврдат дека Apple со нивната неодамна најавена услуга го копираат нивното име и со тоа има конфузија поврзана со услугата на компанијата. Исто така, се наведува дека услугите кои планира Apple да ги понуди се идентични или многу слични со услугите кои ги нуди iCloud Communications.
Исто така, од iCloud Communications потсетуваат дека Apple имаат богата историја со свесното кршење на заштитените пазарни имиња, и како пример ги зема Beatles кои ги тужеа поради името Apple, Cisco Systems поради името iPhone, како и Terrytown за користењето на името Might Mouse.
Во тужбата се бара да биде забрането користењето на името iCloud и непрецизирана парична надокнада