мојфорум мои правила sdfds
Добредојдовте!!!
Форумов е сеуште во проширување па ако сакате предложете го на вашите пријатели. Ке ви бидеме благодарни и ако се регистрирате.
мојфорум мои правила sdfds
Добредојдовте!!!
Форумов е сеуште во проширување па ако сакате предложете го на вашите пријатели. Ке ви бидеме благодарни и ако се регистрирате.
    мојфорум мои правила sdfds

    sfdsfdsfsdfsdfsdf


    You are not connected. Please login or register

    View previous topic View next topic Go down  Message [Page 1 of 1]

    Admin

    Admin
    Штрумфал
    Штрумфал
    Како се спрема испит!?  20110703-spremanje-ispit

    1 месец пред Испит - Тотална опуштенција. Идеш на
    предавања и вежби поради присуство, а и понешто да слушнеш, да прочиташ
    некое романче, да се посмееш со колегите. Најбитното во суштина се
    кафињата после некое предавање. На кафето му се дава посебна сласт ако
    предавањето било "интересно" и "интерактивно".
    Верица-се-фатила-со-Милета, а-Зоки-и-раскинал-на-Биљана муабети се вртат
    секој ден, ама што тука може да се прави. Луѓето повеќе се оптеретени
    со туѓите животи одколку со својот. Идеш дома, седнуваш на компјутер,
    блогираш, играш, сурфаш, четуваш.... Легнуваш накај 2-3, стануваш накај
    12-1, зависно дали имаш уште кој плус за добивање на факс.



    2 недели пред Испит - Брат, ја мислам дека е време веќе да се седне и да се учи. Да брат, и јас мислам така... Друго шо ќе ми се пофалиш инаку?

    1 недела пред Испит - На сите им зборуваш како ти е
    тешко на факултет. Имаш многу за учење неделава. Идеш дома и конечно
    седнуваш на работната маса со книгата покрај тебе, ама сосема случајно
    забораваш да го исклучиш телевизорот. И баш во тој момент почнува некој
    ТОП филм. Си викаш само да го догледам филмчево и ќе продолжиш. Се будиш
    утредента и сваќаш дека си заспал на двоседот.

    2 дена пред Испит - Мозокот ти работи 300. Потребно е
    да научиш 3 тома за помалце од 48 часа. Се распрашуваш случајно некој да
    не има тестови. Се обидуваш на црна берза да ги купиш, но после сваќаш
    дека барајќи тестови си изгубил додатни 6-7 часови. Пак седнуваш да
    учиш, но во датиот момент ти ѕвони телефонот. Брат, ајде на кафе жити
    се, ова не се трпи веќе. После релативно кратко думање прифаќаш, и цели 3
    часа зборувате за тоа колку сте неодговорни. Се враќаш дома и цела
    вечер учиш.

    1 ден пред Испит - спиеш, нели цела вечер учеше? Се
    будиш наеднаш и сваќаш дека си го изгубил целиот ден во спиење. Скокаш
    од кревет и одма се фаќаш за 3-те тома. Сваќаш дека е премногу, вртиш
    телефони и наоѓаш скрипта. Читаш, но повторно е многу. Полагаш во 10
    утредента. Сега е 3 после полноќ. Се одмораш од учењето и проверуваш
    маил. На MSN одма се најде некој да те зазбори и ти му објаснуваш 2
    саати колку само имаш за учење.

    1 час пред Испит - се наоѓаш со друштвото и се жалите
    едни на други колку само не сте имале време за учење, колку само
    факултетот е тежок, професорите ненормални. Пиете едно кафенце и се
    опуштате пред тест (ви текнува дека некаде сте го прочитале тоа).

    После Испитот - професорите се најголемите кривци за
    се. Не ве оставаа да мрднете од вашето место. Не ви објасниле како
    треба. На тестот имаше непредавани работи. После муабетот со друштвото
    си ветувате дека ова е последен пат да спремате испит во 2 дена. Свесни
    сте дека не сакате да ве снајде истата беља. Си одите дома и одма
    заспивате, уморни и разочарани.

    1 месец пред следниот Испит - Тотална опуштенција. Идеш на предавања и вежби и ...

    https://mojforum.macedonianforum.net

    Kal-El


    Штрумфало
    Штрумфало
    Да видиш јас како спремам испит. Laughing

    Admin

    Admin
    Штрумфал
    Штрумфал
    Kal-El wrote:Да видиш јас како спремам испит. Laughing

    5 минути пред да ти го дадат тестот ти текнува дека треба да учиш ? Razz

    https://mojforum.macedonianforum.net

    Sponsored content


    View previous topic View next topic Back to top  Message [Page 1 of 1]

    Permissions in this forum:
    You cannot reply to topics in this forum

     
    • Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Forumotion.com

    (0)