Во Москва денеска беше одржан протест против рускиот премиер Владимир
Путин и неговата партија Единствена Русија, која на вчерашните избори,
освои најмногу гласови.
Тоа беше најголемиот протест на опозицијата во последниве години, со
повеќе од 5.000 учесници, а заврши со апсење на некои активисти.
После тоа, неколку стотици луѓе кои извикувале "Русија без Путин",
продолжиле кон зградата на Централната изборна комисија, но полицијата
ги запрела.
Единствена Русија на вчерашните парламентарни избори освои околу 50
отсто од гласовите и ќе биде во можност сама да формира влада.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон изрази загриженост
поради извештајот на ОБСЕ дека на изборите биле регистрирани многу
неправилности.
- Постојат сериозни забелешки за организацијата и спроведувањето на изборите - изјави денеска Клинтон.
Таа рече дека рускиот народ заслужува целосна истрага врз основа на
сите веродостојни извештаи за изборните измами и манипулации.