Кинез киндапирал пет деца, по што ги одвел во магацин, каде што заклал четири деца, а на петтото дете му нанесол тешки повреди.
Дваесет и две годишниот Кинез ги киндапирал децата од парк во областаШенџи и ги одвел во најблискиот магацин. По нападот осомничениот е
уапсен од страна на полицијата.
Нападот се случил во текот на викендот, и е последен од серијата
сурови напади врз деца во Кина, кои најчесто ги прават лица со психички
проблеми.