Студентскиот правобранител Никола Главинче му предложил на министерот Панче Кралев да им се овозможи на сите студенти со просек над 9 бесплатно студирање. Кралев вели дека ќе формира комисија што ќе ја разгледа оваа можност.
- Идејата е добра, но сакам да слушнам што ќе речат за ова ректорите, зашто со оваа мерка факултетите ќе добиваат помалку пари од школарина. Ќе разговарам и со нив и ќе видиме колку студенти имаат толкав просек. Но дефинитивно во наш интерес е да ги стимулираме студентите и да им излеземе во пресрет – изјави вчера Кралев.