На денешната лицитација за добивање на користење под наем на просторот на поранешната Воена болница односно сегашната "Филип Втори", победи досегашниот закупувач, кардиохирургот Жан Митрев.
Жан Митрев победи со 75 илјади евра месечен закуп, а просторот ќе го користи наредниве 20 години. Инаку лицитирањето се одржа по пат на усно наддавање во Министерството за здравство.
Покрај Жан Митрев на наддавањето беше и "Систина" односно Јордан Камечев, нејзнин сопственик, исто така и уште две фирми, една домашна и една странска.
Дијагностичкиот центар е со 30.000 прегледи на годишно ниво, 8.000 ангиогравски процедури како и 250 интервентни процедури за третман на вродени срцеви мани.
Клиниката "Филип Втори" е добитник на реномирани меѓународни собири и повеќе светски награди и признанија.