Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс при вчерашната
посета на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје истакна дека „Алкалоид“ АД
Скопје е многу добар пример на кој начин македонските
компании може да бидат конкурентни во земјата и во светот.
- Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендира студенти по
медицина и по фармација и им дава можност да го продолжат
нивниот професионален развој. Сметам дека со оваа и другите
активности компанијата дава многу добар пример за
останатите компании на кој начин може да бидат добри граѓани
на оваа држава - додаде Волерс.
Директорот на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов рече
дека ова е прва година во која ќе завршат со извоз поголем од
еден милион долари и година во која го удвоиле извозот во
САД, заклучно со ноември.
Оваа е прва година во која компанијата ќе ја заврши со извоз
поголем од еден милион долари и година во која е удвоен
извозот во САД, заклучно со ноември, рече директорот на
„Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов.
- Мора да се фокусираме и да бидеме реални за
ситуацијата што н` чека. Се најавува рецесија на светско
ниво. Ќе видиме дали ќе биде така. Тоа значи дека треба да се
сосредоточиме на нашите базични активности, треба да се
инвестира во дејностите што прават добар поврат и да се
инвестира таму каде што има логика, а ризиците да се сведат
на минимум каде што може - додаде Мукаетов.